На контролната табла на печатачот, изберете го името на мрежата (SSID) прикажано на овој екран, а потоа притиснете го копчето OK.

Доколку SSID на која сакате да се поврзете не е прикажана на контролната табла на печатачот, притиснете го копчето за да го ажурирате списокот. Ако сè уште не е прикажана, изберете Други SSID, a потоа внесете ја SSID директно.
Белешка:
Ако не е прикажано име на мрежа (SSID), проверете дали информацијата е запишана на етикетата на безжичниот насочувач. Ако го употребувате безжичниот насочувач со неговите стандардни параметри, искористете ја SSID на етикетата. Ако не можете да најдете какви било информации, погледнете ја документацијата доставена со безжичниот насочувач.