Печатачот и безжичниот насочувач се успешно поврзани, но печатачот не може да се поврзе со компјутерот преку безжичен насочувач. Обидете се со следниве решенија по ред.

Проверете ја функцијата на разделникот за приватност на безжичниот насочувач
Ова е вообичаен проблем за мобилни безжични насочувачи. Функцијата на разделникот за приватност што ја прекинува комуникацијата помеѓу уредите е активирана во безжичниот насочувач. Ова е безбедносна функција за прекинување на комуникацијата помеѓу уредите преку насочувачот. Кога е активирана, бидејќи комуникацијата помеѓу печатачот и компјутерот е прекината, тие не може да се поврзат. Исклучете ја функцијата на разделникот за приватност на безжичниот насочувач, а потоа повторно поставете ја мрежата. Погледнете го упатството на безжичниот насочувач за детали за методот на поставување. Во зависност од производителот, функцијата на разделникот за приватност може да има различно име.

Проверете ги SSID за печатачот и компјутерот
Некои безжични насочувачи може да имаат повеќе SSID. Некои имаат можност да ги разделат SSID според соодветниот безжичен стандард (IEEE802.11a и IEEE802.11g). Дури и со истиот безжичен насочувач, печатачот и компјутерот користат различни SSID и можеби нема да може да комуницираат. Изедначете ја SSID на компјутерот со таа на печатачот. Може да ја проверите SSID на компјутерот на менито за Wi-Fi поврзување. SSID на печатачот се наоѓа на отпечатениот дијагностички извештај за мрежата. Откако SSID ќе се изедначат, повторно поставете ја мрежата.