Пораки и решенија на извештајот за мрежна врска

Има проблем со врската помеѓу печатачот и безжичниот пренасочувач. Проверете ги пораките и кодовите за грешка во извештајот за мрежна врска, а потоа следете ги решенијата.
а: Код за грешка
Код
Решение
E-1
Проверете дали кабелот за Етернет е безбедно поврзан со вашиот печатач и со вашето средиште или со друг мрежен уред.
Проверете дали вашето средиште или друг мрежен уред е вклучен.
Ако сакате да го поврзете печатачот преку Wi-Fi, повторно направете ги поставките за Wi-Fi за печатачот бидејќи се исклучени.
E-2
E-3
E-7
Проверете дали вашиот безжичен пренасочувач е вклучен.
Потврдете дека вашиот компјутер или уред е правилно поврзан со безжичниот пренасочувач.
Исклучете го безжичниот пренасочувач. Почекајте околу 10 секунди, па потоа вклучете го.
Поставете го печатачот поблиску до вашиот безжичен пренасочувач и отстранете ги сите пречки помеѓу нив.
Ако рачно сте ја внеле SSID, проверете дали е точна. Проверете ја SSID од делот Network Status на извештајот за мрежната врска.
Ако безжичниот пренасочувач има повеќе SSID, изберете ја SSID што се прикажува. Кога SSID користи несоодветна фреквенција, печатачот не ја прикажува.
Ако користите поставување со копче за притискање за да воспоставите мрежна врска, уверете се дека вашиот безжичен пренасочувач поддржува WPS. Не може да користите поставување со копче за притискање ако вашиот безжичен пренасочувач не поддржува WPS.
Проверете дали вашата SSID користи само ASCII знаци (алфанумерички знаци и симболи). Печатачот не може да прикаже SSID што содржи знаци поинакви од ASCII знаци.
Проверете дали ги знаете вашата SSID и лозинката пред да се поврзете на безжичниот пренасочувач. Ако употребувате безжичен пренасочувач со неговите стандардни параметри, SSID и лозинката се наоѓаат на етикетата на безжичниот пренасочувач. Ако не ги знаете вашата SSID и лозинката, контактирајте со лицето што го поставило безжичниот пренасочувач или погледнете ја документацијата доставена со безжичниот пренасочувач.
Ако се поврзувате со SSID создадена од тетеринг на паметен уред, проверете ги SSID и лозинката во документацијата доставена со паметниот уред.
Ако вашата Wi-Fi врска ненадејно се исклучи, проверете ги условите подолу. Ако некои од овие услови се применливи, ресетирајте ги вашите мрежни поставки со преземање и извршување на софтверот од следната веб-страница.
http://epson.sn > Поставување
Друг паметен уред беше додаден на мрежата користејќи поставување со копче за притискање.
Wi-Fi мрежата беше поставена со употреба на метод различен од поставување со копче за притискање.
E-5
Проверете дали типот на безбедност на безжичниот пренасочувач е поставен на некој од следниве. Ако не е, сменете го типот на безбедност на безжичниот пренасочувач, а потоа ресетирајте ги мрежните поставки на печатачот.
WEP-64 bit (40 bit)
WEP-128 bit (104 bit)
WPA PSK (TKIP/AES)*
WPA2 PSK (TKIP/AES)*
WPA (TKIP/AES)
WPA2 (TKIP/AES)
* WPA PSK исто така е познат како WPA-Приватен. WPA2 PSK исто така е познат како WPA2-Приватен.
E-6
Проверете дали е оневозможено филтрирање на MAC-адресата. Ако е овозможено, регистрирајте ја MAC-адресата на печатачот за да не се филтрира. Погледнете ја документацијата доставена со безжичниот пренасочувач за детали. Може да ја проверите MAC адресата на печатачот од делот Network Status на извештајот за мрежна врска.
Ако вашиот безжичен пренасочувач користи споделена автентикација со WEP-безбедност, проверете дали клучот за автентикација и индексот се точни.
Ако бројот на уреди што може да се поврзат на безжичниот пренасочувач е помал од бројот на мрежните уреди што сакате да ги поврзете, направете поставки на безжичниот пренасочувач за да се зголеми бројот на уреди што може да се поврзат. Погледнете ја документацијата доставена со безжичниот пренасочувач за да одредите поставки.
E-8
Овозможете DHCP на безжичниот пренасочувач ако поставката „Добиј IP-адреса“ на печатачот е поставена на Автоматски.
Ако поставката „Добиј IP-адреса“ на печатачот е поставена на Рачно, IP-адресата што сте ја поставиле рачно е неважечка поради тоа што е надвор од опсегот (на пример: 0.0.0.0). Поставете важечка IP-адреса од контролната табла на печатачот или со употреба на Web Config.
E-9
Проверете го следново.
Уредите се вклучени.
Можете да пристапите до интернет и други компјутери или мрежни уреди на истата мрежа од уредите што сакате да ги поврзете со печатачот.
Ако сè уште не се поврзува вашиот печатач и мрежните уреди откако ќе ги потврдите нештата погоре, исклучете го безжичниот пренасочувач. Почекајте околу 10 секунди, па потоа вклучете го. Потоа ресетирајте ги вашите мрежни поставки со преземање и извршување на инсталаторот од следната веб-страница.
http://epson.sn > Поставување
E-10
Проверете го следново.
Другите уреди на мрежата се вклучени.
Мрежните адреси (IP-адреса, подмрежна маска и стандардна капија) се точни ако сте ја поставиле „Добиј IP-адреса“ на печатачот на Рачно.
Ресетирајте ја мрежната адреса ако тие се неточни. Може да ги проверите IP-адресата, подмрежната маска и стандардната капија од делот Network Status на извештајот за мрежната врска.
Ако DHCP е овозможено, сменете ја поставката „Добиј IP-адреса“ на печатачот на Автоматски. Ако сакате рачно да ја поставите IP-адресата, проверете ја IP-адресата на печатачот од делот Network Status на извештајот за мрежната врска, па потоа изберете Рачно на екранот за мрежни поставки. Поставете ја подмрежната маска на [255.255.255.0].
Ако сè уште не се поврзува вашиот печатач и мрежните уреди, исклучете го безжичниот пренасочувач. Почекајте околу 10 секунди, па потоа вклучете го.
E-11
Проверете го следново.
Адресата на стандардната капија е точна ако ја одредите поставката за TCP/IP-поставување на печатачот на Рачно.
Уредот што е поставен како стандардна капија е вклучен.
Поставете ја точната адреса на стандардната капија. Може да ја проверите адресата на стандардната капија од делот Network Status на извештајот за мрежна врска.
E-12
Проверете го следново.
Другите уреди на мрежата се вклучени.
Мрежните адреси (IP адресата, подмрежната маска или стандардната капија) се точни ако истите ги внесувате рачно.
Мрежните адреси за другите уреди (подмрежна маска и стандардна капија) се исти.
IP адресата не доаѓа во судир со други уреди.
Ако сè уште не се поврзува вашиот печатач и мрежните уреди откако ќе ги потврдите нештата погоре, обидете се со следново.
Исклучете го безжичниот пренасочувач. Почекајте околу 10 секунди, па потоа вклучете го.
Повторно направете мрежни поставки користејќи го инсталаторот. Може да го извршите од следната веб-страница.
http://epson.sn > Поставување
Можете да регистрирате неколку лозинки на безжичен пренасочувач што користи WEP-безбедносен тип. Ако се регистрирани неколку лозинки, проверете дали првата регистрирана лозинка е поставена на печатачот.
E-13
Проверете го следново.
Мрежните уреди, како што се безжичниот пренасочувач, средиштето и насочувачот, се вклучени.
TCP/IP-поставувањето за мрежни уреди не е поставено рачно. (Ако TCP/IP поставувањето на печатачот е поставено автоматски додека TCP/IP поставувањето за други мрежни уреди е направено рачно, мрежата на печатачот може да се разликува од мрежата за други уреди).
Ако сè уште не функционира по проверката на горенаведеното, обидете се со следново.
Исклучете го безжичниот пренасочувач. Почекајте околу 10 секунди, па потоа вклучете го.
Направете мрежни поставки на компјутерот кој е на истата мрежа како и печатачот користејќи го инсталаторот. Може да го извршите од следната веб-страница.
http://epson.sn > Поставување
Можете да регистрирате неколку лозинки на безжичен пренасочувач што користи WEP-безбедносен тип. Ако се регистрирани неколку лозинки, проверете дали првата регистрирана лозинка е поставена на печатачот.
б: Пораки за мрежно опкружување
Порака
Решение
*Multiple network names (SSID) that match your entered network name (SSID) have been detected. Confirm network name (SSID).
Истата SSID може да биде поставена на неколку безжични пренасочувачи. Проверете ги поставките на безжичниот пренасочувач и сменете ја SSID.
The Wi-Fi environment needs to be improved. Turn the wireless router off and then turn it on. If the connection does not improve, see the documentation for the wireless router.
По приближувањето на печатачот поблиску до безжичниот пренасочувач и отстранувањето на секакви пречки помеѓу нив, исклучете го безжичниот пренасочувач. Почекајте околу 10 секунди, па потоа вклучете го. Ако сѐ уште не се поврзува, погледнете ја документацијата доставена со безжичниот пренасочувач.
*No more devices can be connected. Disconnect one of the connected devices if you want to add another one.
Компјутерот и паметните уреди што може да бидат истовремено поврзани се целосно поврзани на врската Wi-Fi Direct (Едноставна AP). За да додадете друг компјутер или паметен уред, прво исклучете еден од поврзаните уреди.
The same SSID as Wi-Fi Direct exists in the environment. Change the Wi-Fi Direct SSID if you cannot connect a smart device to the printer.
На контролната табла на печатачот, одете на екранот за поставување на Wi-Fi Direct и изберете го менито за менување на поставката. Може да го смените името на мрежата веднаш по DIRECT-XX-. Внесете максимум 32 знаци.