Внесување на лозинка и поврзување

1 . Поврзете се со SSID.

За Windows 10
Отштиклирајте Поврзи се автоматски, а потоа кликнете Поврзи.
За Windows 8.1/Windows 8/Windows 7/Windows Vista
Кликнете Поврзи.
За Windows XP
Кликнете со десен клик на SSID, а потоа кликнете Поврзи.
За MacOS
Не е потребно дејство.

2 . Поврзете ги печатачот и компјутерот со внесување на лозинката прикажана на контролната табла на печатачот во компјутерот.

За Windows XP, внесете Мрежен клуч и Потврди мрежен клуч.

3 . За корисниците на Windows 8.1/Windows 8/Windows 7/Windows Vista, може да поставите вашиот компјутер автоматски да се поврзува со печатачот секогаш кога ќе го вклучите компјутерот.

Не мора да го поставувате ова ако само сакате да се поврзете со печатачот кога го употребувате.